Нов Зеланд ќе го укине најголемиот дел од рестриктивните мерки бидејќи во земјата веќе нема активни случаи на коронавирус. Точно на полноќ по локално време, Нов Зеланд ќе премине на ниво еден, најниско во неговиот национален систем за тревога.
Согласно ова, социјалното дистанцирање веќе нема да биде потребно, ниту ќе има ограничувања за јавни собири, но границите остануваат затворени.
Нов Зеланд нема пријавено ниеден нов случај на коронавирус повеќе од две недели.
„Малку поиграв кога ми кажаа дека во земјата веќе нема активни случаи на коронавирус. Иако сега се наоѓаме во побезбедна, посилна позиција, нема лесен пат назад кон животот пред КОВИД-19. Работата не е завршена, но нема сомнеж дека ова е пресвртна точка. Сега е време да ги насочиме нашите напори и ресурси кон обновата на економијата“, изјави премиерката Џесинда Ардерн.
Нов Зеланд прогласи карантин на 25 март и од 1.504 потврдени случаи, починале само 22 лица.