Нов Зеланд, кој има пет милиони жители, објави дека е блиску до искоренувањето на коронавирусот, бидејќи во земјата има само уште еден активен случај.
Здравствените власти кажаа дека цела недела не е откриен нов случај на зараза. Од досега заразените 1.504 луѓе, починале 22. Последниот активен слулај е жител на Окленд во 50-ти години и властите очекуваат и тој да заздрави.
Пристапот на Нов Зеланд кон пандемијата, кој вклучи рано воведување рестриктивни мерки, доби пофалби низ цел свет. Иако земјата укина најголем дел од коронамерките, таа засега не планира да ги отвори границите.