НОВ ЗЕЛАНД ЌЕ ЈА ЗАБРАНИ ПРОДАЖБАТА НА ЦИГАРИ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

    НОВ ЗЕЛАНД ЌЕ ЈА ЗАБРАНИ ПРОДАЖБАТА НА ЦИГАРИ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИНов Зеланд сака да ја намали националната стапка на пушењето на 5% до 2025 (Фото: Гети)

    Нов Зеланд ќе ја забрани продажбата на цигари за идните генерации, а крајната цел е целосната забрана за пушење во земјата. Сите кои се родени во 2008 и подоцна никогаш нема да смеат да купат цигари, стои во новиот закон што треба да биде донесен следната година.

    „Сакаме да осигураме дека младите луѓе никогаш нема да пропушат“, изјави министерката за здравство Ајеша Верали.

    Лекарите и други здравствени експерти во земјата ги поздравија реформите, со кои исто така ќе се намали пристапот до тутунот и ќе се ограничи нивото на никотин во цигарите.

    „Тоа ќе им помогне на луѓето да се свртат кон помалку штетни производи, а младите нема да можат да станат зависни од никотин“, вели професорката Џенет Хук од Универзитетот на Отаго.

    Нов Зеланд е посветен кон целта да ја намали националната стапка на пушењето на 5% до 2025 година. Моментално, 13% од возрасните Новозеланѓани пушат, додека пред една деценија биле 18%. Сепак, стапката е доста повисока меѓу домородните Маори и изнесува околу 31%,

    Со новиот закон ќе се намали и бројот на продавници кои ќе смеат да продаваат цигари, од сегашните 8.000 на 500.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира