НОВ ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,4 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ЈУЖНА ТУРЦИЈА

    НОВ ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,4 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ЈУЖНА ТУРЦИЈАЕпицентарот бил близу Антакија (Фото: ТРТ)

    Нов силен земјотрес ја погоди јужна Турција, точно две недели по катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа најмалку 47.000 луѓе во Турција и Сирија. Турската агенција за управување со катастрофи и итни ситуации кажа дека земјотресот имал јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала и предизвикал дополнителни штети на згради во Антакија.

    Тој се случил на длабочина од два километра, а епицентарот бил близу Антакија во провинцијата Хатај.

    Повеќе од 6.000 афтершокови биле регистрирани по земјотресите од 7,8 и 7,5 степени на 6 февруари, но сведоците кажаа дека денешното тресење било далеку посилно од оние во изминатите денови. Земјотресот се почувствувал и во Сирија, Египет и Либан и нејасно е дали предизвикал дополнителни жртви во Турција.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира