НОВА ПОТРАГА ПО ПРЕЖИВЕАНИ ВО ТУРЦИЈА ПО ВЧЕРАШНИТЕ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО КОИ ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ ШЕСТ ЛИЦА

    НОВА ПОТРАГА ПО ПРЕЖИВЕАНИ ВО ТУРЦИЈА ПО ВЧЕРАШНИТЕ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО КОИ ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ ШЕСТ ЛИЦАВчера се урнаа згради кои беа ослабнати во претходните земјотреси (Фото: ЕПА)

    Спасувачите повторно пребаруваат урнатини во Турција по вчерашните два силни земјотреса, во кои загинаа најмалку шест лица. Земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала го погодија југоистокот на земјата близу границата со Сирија, точно две недели по катастрофалниот земјотрес, кој однесе десетици илјади животи во двете земји.

    Вчера се урнаа згради кои беа ослабнати во претходните земјотреси, а смртни случаи се регистрирани во Антакија, Дефне и Самандаг, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, додавајќи дека 213 луѓе се повредени.

    Повеќе од 6.000 афтершокови биле регистрирани по земјотресите од 7,8 и 7,5 степени на 6 февруари, но сведоците кажаа дека синоќешното тресење било далеку посилно од оние во изминатите денови. Земјотресот, кој бил на длабочина од два километра, се почувствувал и во Сирија, Египет и Либан.

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кажа дека градежните работи на речиси 200.000 станови во 11-те погодени провинции ќе почнат следниот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира