НОВАТА ФРАНЦУСКА МИНИСТЕРКА ЗА ЗДРАВСТВО ПОД ИСТРАГА ЗА НЕПРИЈАВЕНИ ЛУКСУЗНИ ПОДАРОЦИ

    НОВАТА ФРАНЦУСКА МИНИСТЕРКА ЗА ЗДРАВСТВО ПОД ИСТРАГА ЗА НЕПРИЈАВЕНИ ЛУКСУЗНИ ПОДАРОЦИМинистерката Ле Бодо добила на подарок часовници, шишиња шампањ, телефони и телевизор. (Фото: Икс)

    Новоименуваната француска министерка за здравство е под истрага дека примала непријавени луксузни подароци додека работела како фармацевтка.

    Агнес Фирмин Ле Бодо е осомничена дека не пријавила подароци во вредност од над 20 илјади евра во периодот од 2015 до 2020 година, кога работела како фармацевтка лабораторија во Нормандија.

    Според францускиот вебсајт „Медијапарт“, таа примила 21 луксузен продукт, вклучувајќи часовници, шишиња шампањ, телефони и телевизор. Властите отворија истрага во јуни 2023 година и првиот распит е закажан за следниот месец.

    Ле Бодо стана министерка во средата, откако претходниот министер за здравство Орелијан Русо поднесе оставка поради контроверзниот закон за имиграција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира