НОВИ 394 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ШПАНИЈА, ПРЕМИЕРОТ САНЧЕС ВЕЛИ ДЕКА НАЈЛОШОТО ДОПРВА ДОАЃА

    НОВИ 394 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ШПАНИЈА, ПРЕМИЕРОТ САНЧЕС ВЕЛИ ДЕКА НАЈЛОШОТО ДОПРВА ДОАЃАВо Шпанија досега има 1.720 починати (Фото: АП)

    Бројката починати од КОВИД-19 во Шпанија секој ден е сѐ поголема и поголема и властите објавија дека во последните 24 часа починале 394 луѓе, што е нов црн рекорд во еден ден.

    Вкупната бројка починати сега изнесува 1.720. Во земјата досега се регистрирани 28.572 заразени, што е 3.646 повеќе во однос на вчера.

    „Допрва го очекуваме ударот на најсилниот, најуништувачки бран, што ќе тестира од каков материјал сме направени, како и нашите морални капацитети. Шпанија нема поминато низ подраматична ситуација од граѓанската војна“, изјави премиерот Педро Санчес.

    Во Шпанија е на сила 15-дневна вонредна состојба, но веќе е најавено дека ќе биде продолжена.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира