НОВИ ПРОТЕСТИ ВО ПОЛСКА ОТКАКО НА СИЛА СТАПИ РЕЧИСИ ЦЕЛОСНАТА ЗАБРАНА ЗА АБОРТУС

    НОВИ ПРОТЕСТИ ВО ПОЛСКА ОТКАКО НА СИЛА СТАПИ РЕЧИСИ ЦЕЛОСНАТА ЗАБРАНА ЗА АБОРТУСАктивистите повикаа на голем уличен протест во Варшава утре (Фото: Гети)

    Контроверзната, речиси целосна забрана за абортус во Полска стапи на сила на полноќ, објави владата. Според судската одлука донесена во октомври, абортусот ќе биде дозволен само во случај на силување и инцест или доколку бременоста го загрозува животот на мајката.

    Мнозинството Полјаци не ја поддржуваат строгата забрана и од утрово, низ земјата се одржуваат протести. Активистите повикаа на голем уличен протест во Варшава утре. И градоначалникот на Варшава ги повика жените да ја отфрлат одлуката така што во огромен број ќе излезат на улица.

    Во октомври минатата година, уставниот суд пресуди дека законот од 1993 кој дозволуваше абортус во случај на сериозни и непоправливи абнормалности во фетусот е неуставен. Во 2019, 98% абортуси во Полска биле изведени по таа основа, што значи дека сегашната пресуда го забранува најголемиот дел од прекините на бременоста. Ова предизвика голем гнев во јавноста бидејќи одлуката помина без парламентарна дебата.

    Се проценува дека 200.000 жени во Полска годишно илегално прават абортус или одат во странство за оваа процедура.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира