НОВОГОДИШНИ ЕЛКИ ЗАПАЛЕНИ НА ПРОТЕСТОТ ВО ТИРАНА ОТКАКО ПОЛИЦАЕЦ УБИ 25-ГОДИШНИК ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

    НОВОГОДИШНИ ЕЛКИ ЗАПАЛЕНИ НА ПРОТЕСТОТ ВО ТИРАНА ОТКАКО ПОЛИЦАЕЦ УБИ 25-ГОДИШНИК ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАСДемонстрантите бараа оставка од министерот за внатрешни работи (Фото: Ројтерс)

    Полицијата употреби солзавец за да растера стотици Албанци кои вчера протестираа и запалија новогодишни елки во Тирана по смртта на 25-годишник, кој бил убиен од полицаец во време на полициски час, воведен за да се спречи ширењето на коронавирусот.

    Клодијан Коши бил убиен во раните утрински часови во вторникот и полицијата потврди дека имало прекумерна употреба на сила и дека полицаецот кој пукал е уапсен. Полицијата во прв момент соопшти дека Коши не ги послушал наредбите на полицаецот да застане и дека носел оружје, за потоа да го демантира второто.

    „Полицаецот не дејствувал согласно закон при употребата на огнено оружје“, соопшти полицијата.

    Демонстрантите кои бараа оставка од министерот за внатрешни работи фрлаа предмети врз зградата на министерството и запалија неколку новогодишни елки во градот, по што полицијата употреби солзавец.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира