НОВОРОДЕНЧЕ И НЕГОВАТА МАЈКА СПАСЕНИ ОД УРНАТИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА 90 ЧАСА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ

    НОВОРОДЕНЧЕ И НЕГОВАТА МАЈКА СПАСЕНИ ОД УРНАТИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА 90 ЧАСА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТЈагиз има само десет дена (Фото: Твитер)

    Новородено бебе и неговата мајка се спасени од урнатините во Турција, околу 90 часа по првиот силен земјотрес во понеделникот. Јагиз, момче старо само десет дена, бил извлечен од уништена зграда во тешко погодената провинција Хатај. Спасувачите и локалните медиуми го опишаа овој момент како чудо.

    Надежите за наоѓање уште преживеани во Турција и Сирија сè повеќе се намалуваат, најмногу поради смрзнувачките температури.

    Замотан во термо ќебе, малиот Јагиз бил префрлен во амбуланта, додека мајка му била изнесена на носилки. Нема нови информации за нивната состојба. Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, објави на Твитер дека чудесното спасување се случило во градот Самандаг.

    Во земјотресот со јачина од 7,8 степени загинаа речиси 22.000 луѓе, но непознато е уште колку луѓе има под урнатините.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира