Над 100 пациенти, меѓу кои новороденчиња и пациенти од интензивна нега се евакуирани од болница во североисточна Грција бидејќи шумските пожари веќе четврти ден излегуваат надвор од контрола во близина на Александрополис.
Грчките власти наредија амбулантни возила и автобуси да одведат околу 115 пациенти подалеку од универзитетската болница во североисточниот дел на градот.
Медиумите пренесуваат дека пожарите навлегле во околината на болницата , а болницата била обвиена во густ облак од чад и пепел. Експлозиите во околината беа предизвикани од експлозија на боци со кислород.
Голем број од евакуираните се однесени на траект во блиското пристаниште. Пациентите со боци со кислород лежеа на душеци на палубите на бродот претворени во болнички одделенија. На брегот беа подигнати и шатори.
Александрополис, главното пристаниште блиску до североисточната граница на Грција со Турција, е еден од бројните грчки региони кои се справуваат со шумските пожари, предизвикани од силните ветрови и температурите кои во вторник ќе достигнат до 39 степени.
Пожарите беснеат и на други места – на островот Евија и во Беотија во централна Грција, каде што се евакуирани неколку села.