НОВОЗЕЛАНДСКАТА ПРЕМИЕРКА АРДЕРН НАЈАВИ ОСТАВКА

    НОВОЗЕЛАНДСКАТА ПРЕМИЕРКА АРДЕРН НАЈАВИ ОСТАВКААрдерн кажа дека веќе нема енергија за да продолжи (Фото: АП)

    Премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Ардерн, објави дека следниот месец ќе поднесе оставка зашто „веќе нема доволно во резервоарот за да ја води државата“. Таа стана многу емотивна додека зборуваше колку предизвикувачки биле изминатите шест години.

    Пратениците од Лабуристичката партија в недела ќе гласаат за нејзиниот наследник. Шокантната објава на Ардерн следува додека анкетите сугерираат дека нејзината партија ќе има тешка задача повторно да победи на изборите закажани за 14 октомври.

    Четириесет и двегодишната Ардерн кажа дека по летната пауза размислувала за својата иднина, надевајќи се дека ќе пронајде срце и енергија да продолжи со функцијата.

    За жал, не успеав и не би му направила услуга на Нов Зеланд доколку би продолжила“, кажа Ардерн, која ќе се повлече на 7 февруари.

    Таа стана најмладата шефица на држава на светот кога беше избрана за премиерка во 2017 на 37-годишна возраст. Следната година стана мајка и потоа успешно ја водеше земјата низ пандемијата на ковид-19. Но, иако стана политичка ѕвезда во светот, анкетите покажуваат дека не ужива голема популарност дома. Нејзиниот рејтинг моментално е најнизок од победата на изборите во 2020.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира