ЊУЈОРК ГО ПРОДОЛЖИ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА УШТЕ НЕКОЛКУ ТЕШКИ ДЕНА

    ЊУЈОРК ГО ПРОДОЛЖИ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА УШТЕ НЕКОЛКУ ТЕШКИ ДЕНААмериканските градови се подготвуваат за уште една ноќ на жестоки протести и уништување (Фото: АП)

    Доналд Трамп дополнително ги притисна гувернерите да им стават крај на насилните протести низ САД кои траат веќе седум ноќи, барајќи од Њујорк да ја повика на помош Националната гарда. Тој претходно се закани дека ќе ја распореди војската на улиците ако гувернерите не го направат тоа.

    „Њујорк, веднаш повикај ја Националната гарда! Не дозволувај ништожниците и губитниците да те распарчуваат! Не ја прави истата ужасна и смртоносна грешка како со старечките домови“, напиша Трамп на Твитер.

    Њујорк и останатите градови очекуваат нови дивеења оваа ноќ и градоначалникот Бил де Блазио го продолжи полицискиот час до крајот на неделата.

    „Ќе имаме неколку тешки дена, но ќе се одбраниме“, кажа Де Блазио.

    Повеќе од 20.000 припадници на Националната гарда досега се распоредени во 29 сојузни држави, но Њујорк не е меѓу нив. Де Блазио вели дека нема намера да ја повикува и гувернерот Ендрју Куомо кажа дека нема да дејствува спротивно на неговите желби.

    Де Блазио кажа дека ако излезе војска на улиците, тоа ќе создаде опасно сценарио, а градоначалникот на Денвер Мајкл Хенкок предупреди дека тоа може да доведе до уште насилство и уништување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира