ЊУЈОРК ЗАБРАНИ И ПУШЕЊЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ ВО ЈАВЕН ЗАТВОРЕН ПРОСТОР

    ЊУЈОРК ЗАБРАНИ И ПУШЕЊЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ ВО ЈАВЕН ЗАТВОРЕН ПРОСТОРПушење цигари со пареа е забрането насекаде каде обичните цигари се веќе забранети, како на работните места, ресторани и барови, а забраната стапува во сила во рок од 30 дена (Фото: Њујорк тајмс)

    Електронските цигари, популарната замена за традиционалните цигари, наскоро ќе бидат забранети од јавни затворени простории во државата Њујорк. Гувернерот Ендрју Куомо потпиша нацрт-закон за забрана на пушење цигари со пареа насекаде каде обичните цигари се веќе забранети, како на работните места, ресторани и барови. Забраната стапува во сила во рок од 30 дена.

    Електронските цигари како производи кои испаруваат различни масла преку инхалатор беа додадени во Законот за чист воздух ова лето од Парламентот, а мерката беше одобрена од Сенатот. Законот против пушењето во затворени простории постои од 2003 година, една од првите такви мерки во земјата.

    Во Њујорк драстично опаѓа бројката на пушење е-цигари, иако нивната популарност продолжува да расте: тоа сега е индустрија од 2,5 милијарди долари, според Центрите за контрола на болести и превенција, кои велат дека иако здравствените последици на производот не се многу јасни, постојат причини за загриженост, вклучувајќи ја зависноста од никотин.

    Студијата од 2016 од министерството за здравство на државата Њујорк покажа дека 20 проценти од децата ги пробале производите, што е двојно поголема бројка од пред две години. Во јули, државата ги забрани e-цигарите во сите училишта.

    „Овие производи се рекламираат како поздрава алтернатива на цигарите, но реалноста е дека и тие носат долгорочни ризици за здравјето на корисниците и за оние околу нив“, рече Куомо во соопштението. „Оваа мерка затвора уште една опасна дупка во законот, создавајќи посилен, поздрав Њујорк за сите“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира