ЊУЈОРШКИ СУД ОДЛУЧИ ДЕКА ТРАМП ТРЕБА ДА ПЛАТИ 83,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА КЛЕВЕТА НА КОЛУМНИСТКА

    ЊУЈОРШКИ СУД ОДЛУЧИ ДЕКА ТРАМП ТРЕБА ДА ПЛАТИ 83,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА КЛЕВЕТА НА КОЛУМНИСТКАКолумнистката Керол со адвокатскиот тим од случајот против Трамп. (Фото: Икс)

    Порота во Њујорк одлучи дека Доналд Трамп треба да плати 83,3 милиони долари за клевета на колумнистката И Џин Керол во 2019 година додека беше американски претседател.

    Во претходен случај, Трамп беше осуден дека ја клеветел Керол и дека сексуално ја нападнал во 1990-те. Поранешниот претседател кажа дека ќе се жали на одлуката, нарекувајќи го случајот „лов на вештерки“, а пресудата „апсолутно смешна“.

    На поротата составена од седум мажи и две жени ѝ беше потребно помалку од три часа да ја донесе одлуката.

    Во граѓанско судење минатата година, поранешниот американски претседател беше осуден дека сексуално ја нападнал Керол во соблекувална во продавница за облека во 1990-те. Тогаш, порота исто така го осуди за клевета против неа и му беше наредено од судот да ѝ плати отштета од 5 милиони долари.

    Сегашниот случај се однесува на други изјави на Трамп во 2019 година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира