ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ФОРМИРААТ КОМИСИЈА ЗА ИСТРАГА НА РУСКАТА ИНВАЗИЈА НА УКРАИНА, ПРОТИВ БЕА САМО РУСИЈА И ЕРИТРЕЈА

    ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ФОРМИРААТ КОМИСИЈА ЗА ИСТРАГА НА РУСКАТА ИНВАЗИЈА НА УКРАИНА, ПРОТИВ БЕА САМО РУСИЈА И ЕРИТРЕЈА„За“ гласаа 32 земји членки на Советот, 13 апстинираа од гласање, а „против“ беа само две земји, Русија и Еритреја. (Фото: Обединети Нации)

    Советот за човекови права на Обединетите Нации одлучи итно да формира независна меѓународна комисија за истрага како резултат на руската агресија против Украина, соопштија Обединетите Нации.

    „За“ гласаа 32 земји членки на Советот, 13 апстинираа од гласање, а „против“ беа само две земји, Русија и Еритреја.

    Пред два дена, Генералното собрание на Обединетите Нации со огромно мнозинство ја прифати резолуцијата за осуда на руската инвазија на Украина и повика на итно повлекување на руските сили, нагласувајќи ја сè позасилената изолација на Русија на глобално ниво.

    На итното заседание на генералното собрание на ОН, 141 земја од вкупно 193 гласаа „за“ резолуцијата пет беа „против“, додека 35 апстинираа од гласањето, вклучувајќи ја и Кина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира