Американската влада го претстави дизајнот на ограничена серија пасоши што содржи фотографија на претседателот Доналд Трамп. Тие се дел од одбележувањето на 250 години независност на Америка.
Пасошите ќе бидат достапни од 6 јули и само додека траат залихите, соопшти американскиот Стејт департмент.
„Новиот пасош на САД вели ‚Добредојдовте, но бидете добри‘‘‘, кажа Трамп.
Белата куќа го опиша новиот документ како „патриотски пасош“.
Американците не можат да аплицираат за пасошот преку интернет или по пошта, туку мора да закажат состанок за лична посета во агенцијата за пасоши во Вашингтон.
Сегашните пасоши содржат сцени од историјата на земјата, како слетувањето на Месечината и американски симболи, како Статуата на слободата. Ова е првпат жив американски претседател да е прикажан во пасошот.



