ОБЛЕЧЕНИ ВО ЦРНО, ИЛЈАДНИЦИ ПОЛЈАЦИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ПРЕДЛОГОТ ЗА ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА НА АБОРТУСОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Варшава,(АП)

    ОБЛЕЧЕНИ ВО ЦРНО, ИЛЈАДНИЦИ ПОЛЈАЦИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ПРЕДЛОГОТ ЗА ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА НА АБОРТУСОТ

    Илјадници Полјаци, многумина од нив облечени во црно, протестираа денеска пред парламентот во Варшава против предложениот закон со кој би се воспоставила целосна забрана на абортусот. Говорниците на таканаречениот „Црн протест“ кажаа дека целосната забрана на абортусот, вклучувајќи ги и жртвите на силување или жени чии животи се во опасност поради бременоста, би била „варварска“. Полска веќе има еден од најрестриктивните закон за абортус во Европа.

    Организаторите ја избраа црната боја како симбол на тажење по загубата на репродуктивните права што би случило, како што велат тие, ако законот биде усвоен од парламентот. Во говорите на протестот беше кажано дека и тие сакаат што е можно помалку абортуси во Полска, но таа цел би требало да биде остварена со подобро сексуално образование во школите и полесен пристап до контрацепција.

    „Нема да дозволиме нашите болници да бидат претворени во комори за измачување и нашите доктори да бидат претворени во затворски чувари, кажа Агнешка Джеманович-Бак, член на левичарската партија Заедно во говорот.

    Демонстрантите скандираа  „Запрете ги фанатиците“ и „Сакаме доктори, не мисионери“ и имаа испишано слогани „Мое тело, мој избор“.

    Предлог законот за целосна забрана на абортусот сега се разгледува во парламентарна комисија, а гласањето не се очекува во наредните неколку недели.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира