ОД 39 МРТВИ, 16 СЕ СТРАНЦИ ВО НАПАДОТ НА НОЌЕН КЛУБ ВО ИСТАНБУЛ, НАПАЃАЧОТ ИЗБЕГАЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Истанбул,(разниизвори)

    ОД 39 МРТВИ, 16 СЕ СТРАНЦИ ВО НАПАДОТ НА НОЌЕН КЛУБ ВО ИСТАНБУЛ, НАПАЃАЧОТ ИЗБЕГАЛ

    Најмалку 39 луѓе се мртви, меѓу кои и 16 странски државјани, а 69 се примени во болница по нападот на ноќен клуб во Истанбул откако човек облечен како Дедо Мраз влегол и пукал во гостите со автоматска пушка, јавуваат турските телевизии.

    Властите велат дека станува збор за терористички напад, иако до сега нема никакви информации за напаѓачот.

    Министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу изјави дека полицијата уште трага по „терористот“.

    “Се надевам (напаѓачот) ќе биде фатен брзо, со Божја волја“, изјави Сојлу.

    Турските власти воведоа ограничување на медиумското известување за нападот, но тоа не се однесува на официјалните изјави.

    Градоначалникот на Истанбул Васип Сахин кој пред тоа се појави пред клубот, рече дека станува збор за терористички напад чија цел биле недолжни луѓе што во клубот го славеле доаѓањето на Нова година.

    Во моментот на нападот во клубот имало 600 до 700 гости. Многу од луѓето во паниката скокале во водите на Босфор. Во спасувањето учествувале и бротчиња на морнарицата.

    Нападот се случил околу 1.15 часот во познатиот ноќен клуб „Реина“ во областа Бешикташ во европскиот дел на Истанбул на брегот на Босфор. Според првите информации напаѓачот прво убил еден полицаец на влезот на клубот, па влегол внатре и пукал по гостите. Првите информации беа дека тој се скрил во еден од тоалетите, но потоа се појавија информации и дека избегал, или е убиен од полицијата која дошла во клубот за многу кусо време по пријавениот напад.

    Се верува дека во моментот на нападот во клубот имало 500 до 600 гости. Многу од луѓето во паниката скокале во водите на Босфор (Фото: АП)

    Се верува дека во моментот на нападот во клубот имало 500 до 600 гости. Многу од луѓето во паниката скокале во водите на Босфор. Пред клубот беа наредени амбулантни возила (Фото: АП)

    Анкара и Истанбул беа цел на неколку терористички напади во 2016 година за кои одговорноста ја преземаа или ИСИС или курдските бунтовници. Во тие напади загинаа повеќе од 180 луѓе.

    Клубот е популарен не само меѓу Турците, туку и кај странците. Изминатите години многу македонски државјани се забавувале во овој клуб - архивска фотографија од „Реина“. (Фото: Ројтерс“)

    Клубот е популарен не само меѓу Турците, туку и кај странците. Изминатите години многу македонски државјани се забавувале во овој клуб – архивска фотографија од „Реина“. (Фото: Ројтерс“)

    За време на новогодишната ноќ, како мерка на безбедност, низ улиците на Истанбул биле распоредени 17.000 полицајци, многумина преправени како Дедо Мраз или како улични продавачи.

    Пред Нова година, во Турција била засилена кампањата против прослави на Нова година затоа што Муслиманите не го слават тој празник. Областа Ортакој во космополитскиот Истанбул е позната по клубови и ноќен живот. Клубот „Реина“ е популарен не само кај Турците, туку и кај странците. Многу македонски државјани што во минатото оделе на забава во Истанбул го паметат клубот како многу елитно место за излегување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира