ОД КОВИД ПОЧИНА РАДИО ВОДИТЕЛ ОД ТЕНЕСИ КОЈ ИГРАШЕ МАЈТАП СО ВАКЦИНАЦИЈАТА И НОСЕЊЕТО МАСКИ

    ОД КОВИД ПОЧИНА РАДИО ВОДИТЕЛ ОД ТЕНЕСИ КОЈ ИГРАШЕ МАЈТАП СО ВАКЦИНАЦИЈАТА И НОСЕЊЕТО МАСКИОткако се разболе, Валентајн го смени ставот и ги повика своите слушатели да се вакцинираат. (Фото: Тенесијан)

    Конзервативен радио водител од американската држава Тенеси, кој го критикуваше напорите за масовна вакцинација и задолжителното носење маски, почина вчера по неколкунеделна борба со ковид-19 во болница во Нешвил.

    Смртта на Фил Валентајн (61) беше потврдена од неговата станица „Суперток“.

    „Растажени сме од веста дека нашиот водител и пријател Фил Валентајн почина“, соопшти станицата.

    За време на неговите емисии тој пушташе преработка на песната на Битлси „Таксман“ со пародирање на насловот во „Ваксман“.

    Тој објави дека е позитивен на ковид-19 во јули и зборувајќи за искуството со болеста, рече дека многу кашла, постојано е уморен и има силни болки. Од болница, тој ги советуваше своите слушатели да се вакцинираат, но, исто така, велеше дека има некои многу ефективни алтернативи на вакцинацијата,

    Веста за хоспитализацијата на Валентајн предизвика голем интерес во јавноста. Неговото семејство тогаш кажа: „Фил би сакал неговите слушатели да знаат дека тој никогаш не беше антиваксер, но му е жал што не бил поактивно провакцинација“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира