ОДЛОЖЕНО ВОВЕДУВАЊЕТО НА 5Г МРЕЖАТА ВО САД ПОРАДИ ГРИЖИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА АВИОНИТЕ

    ОДЛОЖЕНО ВОВЕДУВАЊЕТО НА 5Г МРЕЖАТА ВО САД ПОРАДИ ГРИЖИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА АВИОНИТЕ„Верајзон“ и „Еј-Ти енд Ти“ требаше да ја лансираат услугата на 5 јануари (Фото: Гети)

    Американските телекомуникациски гиганти „Верајзон“ и „Еј-Ти енд Ти“ го прифатија барањето на владата да го одложат воведувањето на 5Г мрежата во САД, што требаше да се случи оваа недела. Министерот за транспорт Пит Бутиџиџ и Федералната агенција за авијација го поднесоа барањето поради грижите за безбедност во авиосообраќајот.

    Ова следува откако шефовите на „Боинг“ и „Ербас“ предупредија дека сигналите од безжичната 5Г мрежа би можеле да се мешаат со чувствителната електроника во авионите и да нарушат летови.

    „Верајзон“ и „Еј-Ти енд Ти“ во прв момент го одбија барањето, па се премислија. Тие се согласија на второ одложување на воведувањето на 5Г мрежата во САД, откако лани еднаш веќе ги стопираа плановите.

    Компаниите исто така понудија да ја ублажат услугата околу американските аеродроми на шест месеци како привремена заштита, како што беше направено во Франција.

    „Боинг“ и „Ербас“ се повикаа на американско истражување кое откри дека 345.000 патнички и 5.400 товарни летови би се соочиле со одложување, пренасочување или откажување доколку правилата за 5Г беа воведени во 2019.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира