ОКСФОРД И РУСИЈА ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ ГИ ТЕСТИРААТ СВОИТЕ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19

    ОКСФОРД И РУСИЈА ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ ГИ ТЕСТИРААТ СВОИТЕ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19Русија беше првата земја која регистрираше вакцина против ковид-19 за итна употреба (Фото: Гети)

    Британски и руски научници ќе тестираат комбинација од вакцините „Оксфорд/АстраЗенека“ и „Спутник“, за да видат како може да се подобри заштитата од ковид-19. Тие веруваат дека мешањето на две слични вакцини може да предизвика подобар имунолошки одговор кај луѓето.

    Тестирањата ќе бидат спороведени во Русија, но не се знае колку доброволци ќе учествуваат.

    Оксфорд неодамна објави извештај кој потврдува дека неговата вакцина е безбедна и ефективна, но сѐ уште е нејасно колкава заштита им дава на стари лица. Британските регулатори сѐ уште ја немаат одобрено оваа вакцина.

    „АстраЗенека“ објави дека испитува комбинации од вакцини за да открие дали тоа ќе придонесе за подобра имунолошка реакција, а со тоа и поголема заштита. Вакцините на Оксфорд и рускиот институт Гамалеја се слични бидејќи содржат генетски материјал од протеинот на коронавирусот.

    Русија беше првата земја која регистрираше вакцина против ковид-19 за итна употреба, иако таа била тестирана на мал број луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира