ОКСФОРД ПРОДОЛЖУВА СО ТЕСТИРАЊЕТО НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19, ПОЧИНАТИОТ ВОЛОНТЕР НЕ ЈА НИ ПРИМИЛ ВАКЦИНАТА

    ОКСФОРД ПРОДОЛЖУВА СО ТЕСТИРАЊЕТО НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19, ПОЧИНАТИОТ ВОЛОНТЕР НЕ ЈА НИ ПРИМИЛ ВАКЦИНАТАОксфорд соопшти дека внимателна проценка покажала дека нема безбедносни грижи (Фото: Ројтерс)

    Тестирањето на можна вакцина против ковид-19 што ја развиваат „АстроЗенека“ и Универзитетот Оксфорд ќе продолжи откако беше испитана смрт на еден волонтер во Бразил. Тамошните здравствени власти не излегоа со детали за смртта на волонтерот, повикувајќи се на протоколите за доверливост, но Оксфорд соопшти дека „внимателна проценка“ покажала дека нема безбедносни грижи.

    Би-Би-Си објави дека починатиот волонтер не ја ни примил вакцината што се тестира.

    Само половина од учесниците во тестирањето ја примаат вакцината, додека останатите добиваат постоечка одобрена вакцина против менингитис. Ниту волонтерите, ниту нивните семејства знаат која од вакцините тие ја добиваат, што им овозможува на истражувачите да ги споредат резултатите на двете групи, со цел да добијат информации дали вакцината е ефективна.

    „Можеме да потврдиме дека сите барани процеси на испитување биле испочитувани. Истражувачите, независна комисија за набљудување на безбедноста и регулаторните власти заклучија дека е безбедно истражувањето да продолжи“, соопшти „АстроЗенека“.

    Бразилските медиуми објавија дека 28-годишниот лекар всушност починал од компликации од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира