ОЛЕСНУВАЊЕТО НА САНКЦИИТЕ Е СО ЦЕЛ ДА СЕ ЗАДРЖИ РУСИЈА ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ, КАЖА ТРАМП

    ОЛЕСНУВАЊЕТО НА САНКЦИИТЕ Е СО ЦЕЛ ДА СЕ ЗАДРЖИ РУСИЈА ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ, КАЖА ТРАМПТрамп блокираше бројни санкции против Русија, во момент кога се продлабочуваше спорот со Зеленски (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека неговата одлука за суспендирање на дел од санкциите за Русија претставува обид да се задржи Москва на преговарачката маса.

    „Во процес сум на договарање мир во војната помеѓу Русија и Украина. Не сакам да направам ништо непромислено што би ја оддалечило Русија од преговарачката маса“, кажа Трамп.

    Во петокот вечерта, два дена пред да стапат во сила, Трамп блокираше бројни санкции против Русија, во момент кога се продлабочуваше спорот со Володимир Зеленски. Украинскиот претседател изјави дека застанувањето на страната на Владимир Путин би претставувало историска грешка и би можело да ја доведе Украина до пораз.

    Американскиот државен секретар Марко Рубио ја опиша суспензијата на санкциите како пауза од 60 дена, во текот на која ќе се анализира нивното потенцијално влијание врз економијата на САД и глобалната економија.

    „Зеленски не сака да ја заврши оваа војна и веројатно никогаш и не сакал. Пред две години можеше да постигне подобар договор отколку што може сега“, рече Трамп.

    Односите помеѓу Вашингтон и Киев се влошија откако САД минатата недела склучија договор, со кој ѝ дозволија на Русија да извезува дизел. Зеленски го опиша ова како подарок за Путин и инвестиција во неговата војна против Украина.

    „Ако САД официјално застанат на страната на Русија, ако бидат заедно, тогаш, се разбира, ние нема да можеме да издржиме. Сакаме да му веруваме на Трамп и се надевам дека тој ќе ги промени своите одлуки, бидејќи сметам дека сето тоа се грешки и нема да ни помогне. А, нема да им помогне ниту на Соединетите Држави“, кажа Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира