ОМИКРОН Е ПОСЛАБ СОЈ ОД ДЕЛТА, НО И ОД НЕГО СЕ УМИРА, ВЕЛИ СЗО

    ОМИКРОН Е ПОСЛАБ СОЈ ОД ДЕЛТА, НО И ОД НЕГО СЕ УМИРА, ВЕЛИ СЗОСЗО предупреди дека омикрон би можел да ги преполни болниците низ светот (Фото: АП)

    Омикрон се чини послаба варијанта на коронавирусот од претходно доминантната делта, но не би требало да се категоризира како блага, изјави шефот на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус. Тој додаде дека исто како и останатите соеви, и омикрон предизвикува хоспитализации и смртни случаи.

    „Светот се соочува со цунами од нови случаи на коронавирус, толку голем и брз што ќе ги преплави здравствените системи и болниците низ светот“, кажа тој на брифинг во СЗО.

    Неговата колешка Марија фан Керкхофе изјави дека бројот на новозаразени во светот се зголемил за 71% во изминатата недела, а во Америка за 100%. Во исто време, бројот на смртни случаи се намалил.

    „Минатата недела е регистриран најголемиот број нови случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, над девет и пол милиони“, изјави Фон Керкхофе.

    Гебрејесус повторно ги повика богатите држави да им донираат вакцини на земјите во развој.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира