ОМИКРОН И НАТАМУ ПРАВИ ХАОС ВО АВИОНСКИОТ СООБРАЌАЈ, ОД ПЕТОКОТ ОТКАЖАНИ 8.000 ЛЕТОВИ

    ОМИКРОН И НАТАМУ ПРАВИ ХАОС ВО АВИОНСКИОТ СООБРАЌАЈ, ОД ПЕТОКОТ ОТКАЖАНИ 8.000 ЛЕТОВИНајтешко погодени дестинации се САД и Кина (Фото: АП)

    Хаосот во светскиот авионски сообраќај поврзан со ковид пандемијата продолжи и денеска, ставајќи во очај илјадници луѓе за време на празниците. Денеска се откажани повеќе од 1.400 летови, а најтешко погодени дестинации се САД и Кина.

    Американските авиокомпании кажаа дека ова се должи на преголемиот број заразени и изолирани членови на екипажот.

    Почнувајќи од петокот, откажани се повеќе од 8.000 летови, додека Хонгконг ги забрани сите летови од Јужна Кореја на две недели поради големиот број заразени меѓу патниците.

    Во исто време, американските власти набљудуваат десетици крузери кои пловат во водите на САД откако на неколку од нив им било забрането да пристанат на Карибите поради позитивни случаи на коронавирус меѓу патниците.

    Најголем дел од летовите кои денеска се откажани се на кинески авиокомпании. На аеродромите во Пекинг и Шангај има вкупно 300 откажувања.

    Во САД, најтешко погодената компанија е „Јунајтед“, која денеска мораше да откаже уште 84 летови. „Јунајтед“ минатата недела предупреди дека ширењето на омикрон има директно влијание врз нивното нормално функционирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира