ОПАСНО Е ШТО ЕУ ДОЗВОЛУВА ДА СЕ БЛОКИРААТ СОСЕДИ СО БИЛАТЕРАЛНИ КВАЗИПРОБЛЕМИ, ВЕЛИ СРПСКАТА ПРЕМИЕРКА БРНАБИЌ

    ОПАСНО Е ШТО ЕУ ДОЗВОЛУВА ДА СЕ БЛОКИРААТ СОСЕДИ СО БИЛАТЕРАЛНИ КВАЗИПРОБЛЕМИ, ВЕЛИ СРПСКАТА ПРЕМИЕРКА БРНАБИЌАко ЕУ дозволува условувања со квази проблеми, тоа е проблем на ЕУ - Премиерите Заев и Брнабиќ во Скопје во август 2019 година. (Фото: СДК.МК)

    Српската премиерка Ана Брнабиќ вели дека е направен опасен преседан со тоа што билатерални прашања кои немаат никаква врска со европските интеграции се користат да се стави вето за европските интеграции на соседна земја на Србија, по вчерашната меѓувладина конференција на Србија со ЕУ во Луксембург. Според Брнабиќ, тоа е опасен преседан и може во иднина да биде користен и од други земји членки на ЕУ, но според неа е проблем за ЕУ, а не за земјите-кандидати и тие не треба се се занимаваат со тоа.

    „Сè нешто може да биде ограничувачки фактор за блокада. Видовме преседани дека некои пар екселанс билатерални прашања кои немаат никаква врска со европските интеграции на една земја се поставуваат како непробоен ѕид на патот на европските интеграции на некоја друга наша соседна држава. Мислам дека тоа е опасен преседан и дека, за жал, можеби ќе биде користен од некои други членки на ЕУ. Мислам дека тоа не е европска вредност. Јас, како загрижен Европеец, верувам во европски вредности и во нашиот европски пат и без оглед на тоа дали ќе бидат отворени или затворени поглавја, дали ќе има позитивни сигнали, ние ќе продолжиме со реформите. Е сега, ако ЕУ сака да стане такво семејство на нации во кое некои држави членки ќе условуваат некои други земји, иако тие имаат сè исполнето, со решавање на некакви билатерални прашања или квазибилатерални проблеми, тогаш тоа е проблем на ЕУ, и тоа се работи со кои ниту можам, ниту сакам да се занимавам“, кажа Брнабиќ, одговарајќи на новинарско прашање.

    Вчера во Луксембург се одржа и состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, на кој Бугарија го потврди ветото за почетокот на пристапните преговори со Македонија. Од бугарското МНР соопштија дека ветото за Македонија останува сè додека не бидат исполнети нивните услови, иако Европската комисија уште пред две години препорача безусловно отворање на преговорите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира