ОРБАН БЛОКИРАШЕ ЕВРОПСКА ПОМОШ ОД 50 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА УКРАИНА, ОТКАКО ЕУ ОДЛУЧИ ДА ПОЧНЕ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ

    ОРБАН БЛОКИРАШЕ ЕВРОПСКА ПОМОШ ОД 50 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА УКРАИНА, ОТКАКО ЕУ ОДЛУЧИ ДА ПОЧНЕ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИОрбан не стави вето на одлуката за отворање пристапни преговори со Украина (Фото: АП)

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан блокираше европска помош за Украина од 50 милијарди евра, само неколку часа откако ЕУ одлучи да отвори пристапни преговори со неа и со Молдавија.

    Резиме на ноќната смена: вето за дополнителни пари за Украина“, изјави Орбан по разговорите на самитот во Брисел.

    Европските лидери кажаа дека преговорите за помош на Украина ќе продолжат во почетокот на следната година.

    Унгарија долго време се противеше на отворањето пристапни преговори со Украина и Орбан го повтори својот цврст став и по доаѓањето во Брисел, но не стави вето на одлуката. Тој моментално ја напуштил преговарачката просторија, што официјални лица го опишаа како претходно договорен и конструктивен потег, пред останатите 26 членки на ЕУ да продолжат со гласањето. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека договорот бил поддржан едногласно.

    Коментирајќи ја блокадата на Орбан, холандскиот премиер Марк Руте кажа:

    Сѐ уште имаме нешто време. Украина нема да остане без пари во следните неколку недели. Се договоривме со 26 држави, со Унгарија и Орбан засега не успеавме, но убеден сум дека ќе постигнеме договор во почетокот на новата година, најдоцна на крајот на јануари“.

    Мишел потврди дека сите членки освен една се согласиле со пакетот за помош за Украина и со предлозите за поширок буџет за блокот.

    Украина и Молдавија аплицираа за членство во ЕУ набргу по почетокот на руската инвазија и во јуни им беше доделен кандидатски статус, што сега го доби и Грузија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира