ОРБАН БЛОКИРАШЕ ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ ЗА ПОДДРШКА НА УКРАИНА

    ОРБАН БЛОКИРАШЕ ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ ЗА ПОДДРШКА НА УКРАИНАУнгарскиот премиер Виктор Орбан. (архивска фотографија)

    Заедничка изјава за непопустлива поддршка за Украина од целата ЕУ е блокирана од Унгарија, објави „Политико“, повикувајќи се на два дипломатски извори.

    Заедничката изјава на лидерите на ЕУ била подготвена од кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и испратена до земјите членки во петокот попладне. Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја блокирал изјавата, а унгарски функционер одбил да даде коментар за „Политико“ за причините за блокадата.

    Во отсуство на консензус меѓу земјите членки, заедничката изјава подоцна беше објавена во име на Мишел, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

    Во неа се вели дека ЕУ ќе продолжи со силната и непопустлива политичка, воена, финансиска, економска, дипломатска и хуманитарна поддршка за да ѝ помогне на Украина да се одбрани себеси, своите луѓе и градови, да си ги врати територијалниот интегритет и илјадниците депортирани деца и да стави крај на војната.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира