ОРБАН ЈА ПРИМИ КИНЕСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ЗАШТО НАЈМНОГУ Ѝ ВЕРУВА

    ОРБАН ЈА ПРИМИ КИНЕСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ЗАШТО НАЈМНОГУ Ѝ ВЕРУВАОрбан претходно ја донесе и руската вакцина во земјата (Фото: Фејсбук)

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја прими вакцината развиена од кинеската компанија „Синофарм“, додека земјата ја забрзува својата програма на имунизација против ковид-19.

    „Вакциниран!“, напиша Орбан на Фејсбук.

    Тој претходно кажа дека ќе се вакцинира со оваа вакцина зашто најмногу ѝ верува.

    Унгарија во средата стана прва земја од Европска Унија која почна да го вакцинира населението со кинеската вакцина, откако претходно почна да ја користи и руската „спутник“. Двете вакцини досега не се одобрени на ниво на целата Европска Унија.

    Орбан во петокот најави заострување на рестрикциите во земјата, откако беше забележана рекордна бројка новозаразени оваа година, а болниците очекуваат наплив на пациенти во наредните недели.

    Тој вети дека сите 2,6 милиони Унгарци кои се пријавиле за вакцинирање ќе добијат барем една доза до Велигден во почетокот на април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира