Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара Европскиот парламент да биде укинат. Тој кажа дека неодамнешниот скандал во парламентот покажал дека антикорупциските заштитни мерки целосно пропаднале.
„Ако сакаме да ја вратиме вербата на јавноста, време е да го укинеме Европскиот парламент“, изјави Орбан.
Тој предложи формирање нов парламент, кој би се состоел од националните делегати.
„Тоа би гарантирало поголем надзор, одговорност и кредибилитет. Вратете им ја контролата на земјите-членки“, порача Орбан.
Корупцискиот скандал популарно наречен Катаргејт со недели го тресе Европскиот парламент. Меѓу европските функционери кои се истражуваат дека лобирале за Катар во ЕУ е и поранешната потпретседателка Ева Каили.