ОРБАН ДОЈДЕ ВО ГРУЗИЈА ЗА ДА Ѝ ДАДЕ ЛЕГИТИМИТЕТ НА ИЗБОРНАТА ПОБЕДА НА ПРОРУСКАТА ПАРТИЈА „ГРУЗИСКИ СОН“

    ОРБАН ДОЈДЕ ВО ГРУЗИЈА ЗА ДА Ѝ ДАДЕ ЛЕГИТИМИТЕТ НА ИЗБОРНАТА ПОБЕДА НА ПРОРУСКАТА ПАРТИЈА „ГРУЗИСКИ СОН“Брисел кажа дека Орбан не ја претставува Европската Унија на оваа посета (Фото: АП)

    Виктор Орбан дојде во Грузија откако ѝ честиташе на проруската партија „Грузиски сон“ на убедливата победа на саботните парламентарни избори, за кои постојат широки верувања дека биле проследени со заплашување и принудување гласачи. Унгарскиот премиер предводи министерска делегација која ќе биде во дводневна посета на Грузија и ќе се сретне со премиерот Иракли Кобахиѕе, што веројатно ќе предизвика револт во Брисел.

    Орбан не ја претставува Европската Унија. Ротирачкото претседателство на ЕУ нема овластувања во надворешната политика“, изјави еврокомесарот за надворешни прашања Жозеп Борел.

    Тој ги повика централната изборна комисија на Грузија и другите релевантни органи да спроведат брза, транспарентна и независна истрага за изборните нерегуларности и обвинувања. Опозицијата денеска ќе протестира пред парламентот.

    Грузија е конзервативна, христијанска и проевропска држава. Наместо бескорисни лекции, ѝ треба нашата поддршка на нејзиниот европски пат“, напиша Орбан на Икс.

    Владите на Унгарија и Грузија доста се зближија во изминатите години, додека се обидуваа да избегнат конфронтации со Русија.

    Орбан дојде во Тбилиси, давајќи ѝ легитимитет на изборната победа на „Грузиски сон“, што прозападната претседателка на државата Саломе Зурабичвили кажа дека не ја признава, велејќи дека нејзината земја станала жртва на „специјална воена операција“. Таа тврди дека „Грузиски сон“ освоила 40% гласови, а не над 50%, со што би имала чисто мнозинство во парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира