Кинескиот добитник на Нобеловата награда за мир и дисидент Лју Сјаобо е ослободен од затвор, откако на 23 мај му бил дијагностициран рак на црниот дроб во терминална фаза, соопштил неговиот адвокат Мо Шаопинг, јавуваат светските агенции.
Сјаобо се наоѓа на лечење во градот Шенгјанг, на североистокот на Кина и се наоѓа во стабилна состојба, соопштил адвокатот.
Лју Сјаобо, кој е најпознатиот политички затвореник во Кина, познат по своите заложби за заштита на човековите права и демократија, беше уапсен во 2009 година поради наводна вмешаност во активности за рушење на кинеската влада. Тој е осуден на затворска казна од 11 години.
Нобеловиот комитет на 8 октомври 2010 година го објави неговото име како добитник на Нобеловата награда за мир за 2010 година, со образложение дека наградата му се доделува за „долгата и ненасилна борба за основните човекови права во Кина.