ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВО НА ПЕТ ЛУЃЕ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО САД БИЛ ДОСЕЛЕНИК ОД ТУРЦИЈА, НЕМА ДОКАЗИ ЗА ТЕРОРИЗАМ

a:1:{s:9:"td_source";s:27:"Сиетл(СиЕнЕн)

    ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВО НА ПЕТ ЛУЃЕ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО САД БИЛ ДОСЕЛЕНИК ОД ТУРЦИЈА, НЕМА ДОКАЗИ ЗА ТЕРОРИЗАМ

    Еден ден по пукањето во кое што загинаа пет луѓе во трговски центар северено од Сиетл, во американската држава Вашингтон, властите во саботата по целоноќна потера уапсија дваесетгодишен осомничен за убиства на четири жени и еден маж.

    Осомничениот е Артан Четин кој имигрирал од Турција и имал дозвола за постојан престој во САД.

    Властите на државата Вашингтон велат дека е премногу рано нападот да се поврзува со тероризам, затпа што се уште се во прва фаза на истрагата. Неофицијален извор на ФБИ пред апсењето на новинарите им рекол дека немаат докази за поврзаност со тероризам.

    Кога полицијата го пресретнала осомничениот на улица близу неговиот дом во Оук Харбор,тој не бегал. Претставник на полицијата изјавил дека осомничениот не бил вооружен за време на апсењето и не зборувал. Личеше на зомби, рекол полицаецот.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира