ОСУМ ЕКСПЛОЗИИ ВО ШРИ ЛАНКА, НАД 150 ЗАГИНАТИ И 560 ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАДИТЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЛИТУРГИИ

    ОСУМ ЕКСПЛОЗИИ ВО ШРИ ЛАНКА, НАД 150 ЗАГИНАТИ И 560 ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАДИТЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЛИТУРГИИЦрквата „Сент Ентони“ во главниот град Коломбо била прва мета на нападите (Фото: АФП)

    Седма и осма експлозија ја погодија Шри Ланка, откако утринава загинаа најмалку 138  лица, а над 560 се хоспитализирани во блиски симултани напади кои погодија три цркви и три луксузни хотели. Нападите се случија за време на религиозните литургии за Велигден. Бројката на загинати според Ал Џезира се искачи на 156.

    Си-Ен-Ен јавува дека според повеќе извори, седмата експлозија е забележана на 20 минути оддалеченост од главниот град Коломбо.  На местото каде се случила осмата експлозија има и голем пожар, објави Си-Ен-Ен. Владата на Шри Ланка прогласи полициски час.

    Локации на нападите во Шри Ланка.

    Јужна Азија се соочува со најголемиот напад, една деценија по крајот на граѓанската војна во Шри Ланка.

    Според властите, за два од нападите се претпоставува дека се извршени од бомбаши-самоубијци. Властите велат дека меѓу загинатите се верници и хотелски гости. Според информации од болниците, засега бројката на загинати странски државјани изнесува 20.

    Сѐ уште никој не презема одговорност за бомбашките напади.

    Се уште никој не презеде одгвороност за нападите (Фото: АП)

    Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена рече дека Владата го презела сите можни чекори да се најдат одговорните за нападите, и повика да се преземе сѐ што е можно за да се одржат законот и редот. Тој ги повика граѓаните да соработуваат со полицијата.

    Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди нападите и ги нарече „сурови и цинични“, а турксиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги нарече „напад на сето човештво“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари