ОСУММИНА НОВИНАРИ МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ ВО ДВОЈНИОТ БОМБАШКИ НАПАД ВО КАБУЛ

    ОСУММИНА НОВИНАРИ МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ ВО ДВОЈНИОТ БОМБАШКИ НАПАД ВО КАБУЛПолицијата потврди дека цел на вториот напад биле токму новинарите кои дошле на местото на настанот по првата експлозија (Фото: АП)

    Најмалку 25 луѓе загинаа во координиран двоен самоубиствен бомбашки напад во Кабул, вклучувајќи и осуммина авганистански новинари, кои дошле на местото на настанот по првата експлозија.

    Меѓу загинатите е и шефот на фоторепортерите на агенцијата АФП, Ша Мараи.

    Првата експлозија била изведена од напаѓач на мотоцикл, а втората уследи 15 минути подоцна, кога поголема група луѓе, вклучувајќи и новинари, се собрале на местото на трагедијата.

    Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

    Агенцијата АФП објави на Твитер дека цел на втората експлозија биле токму насобраните новинари.

    „Бомбашот се вмешал меѓу новинарите и се разнесол среде масата“, кажа портпаролот на полицијата.

    Од министерството за внатрешни работи потврдија дека меѓу загинатите се осуммина новинари и четворица полицајци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира