ОСУММИНА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУДНИКОТ КАЈ СРПСКИОТ ГРАД СОКОБАЊА

    ОСУММИНА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУДНИКОТ КАЈ СРПСКИОТ ГРАД СОКОБАЊАВластите кажаа дека станува збор за експлозија на метан (Фото: Н1)

    Осуммина рудари загинаа во експлозија на метан во рудникот Соко кај српскиот град Сокобања, објави министерството за рударство и енергетика. Од болницата во Алексинац кажаа дека примиле 18-мина повредени рудари и дека не се во животна опасност, а уште двајца се згрижени во Ниш со повреди на градниот кош.

    Директорот на рудникот, Драго Милинковиќ, изјави дека загинатите рудари се на возраст од 31 до 59 години. Експлозијата се случила во пет часот. Останатите рудари се извлечени од окното.

    Во несреќата во истиот рудник во 1998 година загинаа 29 рудари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира