ОСУМНАЕСЕТМИНА МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО КАМИОН БЛИЗУ СОФИЈА

    ОСУМНАЕСЕТМИНА МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО КАМИОН БЛИЗУ СОФИЈАКамионот бил оставен покрај селото Локорско (Фото: БТА)

    Осумнаесетмина странски државјани се пронајдени мртви во камион близу Софија, објави министерството за внатрешни работи. Камионот бил оставен покрај селото Локорско, 20 километри североисточно од Софија. 

    Министерот за здравство Асен Меџиев кажа дека 11 луѓе пронајдени во камионот се хоспитализирани во сериозна состојба, зашто биле премрзнати, дехидрирани и прегладнети. Најмладиот од нив има околу 15 години. 

    Според првичните информации, околу 40 луѓе илегално ја преминале границата во камионот, кој превезувал дрвена граѓа. Утврдено е дека жртвите се млади авганистански мажи.

    Причината за нивната смрт засега не е позната, а нејасно е и зошто камионот бил напуштен. Нема извештаи дека бил бркан од полицијата или дека учествувал во сообраќајна несреќа. Полицијата била известена за камионот во 14:15 часот по локално време.

    Се обидуваме да го утврдиме идентитетот на возачите, кои, според мигрантите, избегале“, соопшти полицијата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира