ОТФРЛЕНА ТУЖБАТА НА ТРАМП ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ ВО ПЕНСИЛВАНИЈА

    ОТФРЛЕНА ТУЖБАТА НА ТРАМП ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ ВО ПЕНСИЛВАНИЈАТрамп сè уште одбива да признае пораз и обвинува дека имало голема изборна измама. (Фото: АП)

    Судија во Пенсилванија ја отфрли тужбата од кампањата Доналд Трамп со која се бараше да бидат поништени милиони гласачки ливчиња испратени по пошта. Судијата Метју Бран кажа дека тужбата, која се базира на наводи за нерегуларности, е без основа. Со оваа одлука на судијата, Пенсилванија е на пат да ја потврди победата на противкандидатот на Трамп на претседателските избори, Џо Бајден, кој има водство од над 80.000 гласови, и да му додели на кандидатот на Демократите 20 електорски гласови.

    Трамп сè уште одбива да признае пораз и обвинува дека имало голема изборна измама, без да прикаже какви било докази за тоа. Според проекциите на американските медиуми, Бајден го победи актуелниот претседател со 306 наспроти 232 електорски гласови, далеку над потребните 20 за победа. Кампањата на Трамп веќе загуби на суд неколку тужби за нерегуларности на изборите на 3 ноември и нивните напори сега се насочени кон обиди да запрат неколку клучни држави, како Пенсилванија и Мичиген, и официјално да ја потврдат победата на Бајден.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира