ОТКАЖАН И ВТОРИОТ ОБИД ЗА ЛАНСИРАЊЕ НА НАЈМОЌНАТА РАКЕТА НА НАСА ДОСЕГА

    ОТКАЖАН И ВТОРИОТ ОБИД ЗА ЛАНСИРАЊЕ НА НАЈМОЌНАТА РАКЕТА НА НАСА ДОСЕГАСледната шанса за лансирање ќе биде в понеделник или вторник (Фото: АП)

    НАСА го откажа и вториот обид за лансирање на својата најмоќна ракета досега. Инженерите не успеале да го сопрат истекувањето на водородот од ракетата Спејс лаунч систем (СЛС), што траело од почетокот на денешната процедура на одбројување.

    НАСА ќе има уште една шанса за лансирање, што треба да се случи в понеделник или вторник.

    Првиот пробен лет требаше да се изведе на 29 август, но беше одложен во последен момент поради истиот проблем.

    Спејс лаунч систем (СЛС) е најмоќното и најсложено летало дизајнирано од НАСА, што ќе биде основа на проектот „Артемис“, кој има за цел да ги врати луѓето на површината на Месечината по повеќе од 50 години пауза. Новите мисии на Месечината треба да почнат најрано во 2025.

    Задачата на 100 метри долгата ракета е да ја однесе тест-капсулата „орион“ далеку од Земјата. Ова вселенско летало, во кое место астронаути ќе бидат три кукли опремени со сензори, ќе кружи околу Месечината, пред да се врати на Земјата по шест недели, кога треба да падне во Тихиот Океан.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира