ОТЦЕПЕНИОТ ГРУЗИСКИ РЕГИОН ЈУЖНА ОСЕТИЈА ВО ЈУЛИ ЌЕ ОДРЖИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА РУСИЈА

    ОТЦЕПЕНИОТ ГРУЗИСКИ РЕГИОН ЈУЖНА ОСЕТИЈА ВО ЈУЛИ ЌЕ ОДРЖИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА РУСИЈАПретседателот на Јужна Осетија Анатоли Бибилов. (Фото: ТАСС)

    Лидерот на отцепениот грузиски регион Јужна Осетија најави дека на 17 јули ќе се одржи референдум за приклучување на Русија.

    „Анатоли Бибилов потпиша декрет за одржување на референдум во Република Јужна Осетија“, соопшти неговиот кабинет, додавајќи дека народот има историска аспирација да ѝ се приклучи на Русија.

    Јужна Осетија беше причината за војната помеѓу Грузија и Русија во 2008 година, по која Русија ја призна независноста на територијата, заедно со другиот отцепен грузиски регион, Абхазија.

    „Си доаѓаме дома“, напиша Бибилов на Телеграм.

    „Дојде време да се обединиме еднаш засекогаш. Јужна Осетија и Русија ќе бидат заедно“, додаде лидерот на регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира