ОВА Е НАЈДОБРИОТ ДЕН ДОСЕГА, РЕЧЕ ЏЕФ БЕЗОС ОТКАКО ОДЛЕТА ВО ВСЕЛЕНАТА

    ОВА Е НАЈДОБРИОТ ДЕН ДОСЕГА, РЕЧЕ ЏЕФ БЕЗОС ОТКАКО ОДЛЕТА ВО ВСЕЛЕНАТАРакетата со четиричлениот екипаж се врати на Земјата по десет минути (Фото: АП)

    Најбогатиот човек на светот Џеф Безос успешно се лансираше денеска во вселената, со првиот лет со човечки екипаж на неговата компанија „Блу Ориџин“.

    „Ова е најдобриот ден досега“, изјави Безос откако по десет минути се спуштија со помош на падобрани.

    Ракетата „Њу Шепард“ полета од приватен полигон во пустина во Западен Тексас девет дена откако Ричард Бренсон изведе успешен пробен лет до работ на вселената. Иако Бренсон беше побрз, Безос одлета 14 километри подалеку, односно 100 километри над површината на Земјата.

    Покрај основачот на „Амазон“ и неговиот брат Марк, на летот беа и 82-годишната Воли Фанк и 18-годишниот Оливер Даемен, кои со тоа станаа највозрасниот и најмладиот патник во вселената досега. Тие не влегоа во Земјината орбита, но сепак имаа можност да искусат микрогравитација, слична на онаа на Меѓународната вселенска станица.

    Фанк одработила целосен астронаутски тренинг на НАСА во 1960-ите, но програмата „Меркјури 13“ беше откажана пред таа и нејзините 12 колешки да добијат шанса да летаат во вселената. Даемен, пак, го замени неименуваниот победник на јавното наддавање, кој плати 28 милиони долари за да биде на летот, но се откажа поради други обврски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира