ПАДНА АВИОН СО ФУДБАЛСКИ ТИМ ОД БРАЗИЛ, НАЈМАЛКУ ШЕСТ ПРЕЖИВЕАНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Богота,(АП)

    ПАДНА АВИОН СО ФУДБАЛСКИ ТИМ ОД БРАЗИЛ, НАЈМАЛКУ ШЕСТ ПРЕЖИВЕАНИ

    Чартер авион со 81 луѓе во него, вклучувајќи и еден бразилски тим од првата фудбалска лига, кој летал за Колумбија се урнал на летот кон меѓународниот аеродром во Меделин.

    Воздухопловните власти изјавија дека има извештаи за најмалку шестмина преживеани.

    Авионот е од типот „Бритиш аероспејс Авро 146“ на боливиската чартер компанија Ламиа. Екипажот пријавил состојба на итност околу 10 часот навечер поради проблеми со електриката.

    Во авионот бил фудбалскиот тим на Чапакоенсе од јужен Бразил. Фудбалерите летале на натпревар од Копа Судамерикана со тимот Атлетико Насионал од Меделин.

    Видео постирано на Фејсбук страницата на тимот ги прикажува фудбалерите како го чекаат летот пред да се качат во авионот на аеродромот во Сао Паоло. Авионот претходно слетал во Санта Круз, Боливија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира