ПАКИСТАН ГО РАКЕТИРАШЕ ИРАН КАКО ОДМАЗДА ЗА ВЧЕРАШНИОТ ИРАНСКИ НАПАД

    ПАКИСТАН ГО РАКЕТИРАШЕ ИРАН КАКО ОДМАЗДА ЗА ВЧЕРАШНИОТ ИРАНСКИ НАПАДДвете земји долго време меѓусебно се обвинуваат дека им даваат засолниште на милитантни групи (Фото: ЕПА)

    Пакистан лансираше одмазднички ракетен напад врз соседниот Иран, ден откако изненадувачки ирански напад ги заостри односите помеѓу двете земји. Пакистан кажа дека нападнал „терористички скривалишта“ во пограничната провинција Систан-о-Балокистан.

    Иранските медиуми објавија дека биле нападнати повеќе локации во североисточен Иран, при што во едно погранично село загинале три жени и четири деца.

    Двете земји долго време меѓусебно се обвинуваат дека им даваат засолниште на милитантни групи кои изведуваат напади во регионите долж заедничката граница. Сепак, официјални воени акции се ретки.

    Пакистан целосно ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Иран и денешната акција беше манифестација на непоколебливата решителност на Пакистан да ја заштити и брани својата национална безбедност од сите закани“, соопшти пакистанското министерство за надворешни работи.

    Пакистан го протера иранскиот амбасадор и го повлече својот од Техеран по иранскиот ракетен напад, во кој, како што беше кажано, загинале две деца. Иран тврдеше дека мета на неговиот напад била милитантната група Џаиш ал-Адл, која ја смета за терористичка, а на пакистанските граѓани.

    Техеран кажа дека не сака да биде вклучен во поширок конфликт, но нападот врз Пакистан уследи откако ракетираше цели во Ирак и Сирија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира