ПАКИСТАНСКИ АВИОН СО 107 ЛУЃЕ СЕ УРНА ПРИ СЛЕТУВАЊЕ ВО КАРАЧИ

    ПАКИСТАНСКИ АВИОН СО 107 ЛУЃЕ СЕ УРНА ПРИ СЛЕТУВАЊЕ ВО КАРАЧИАвионот на пакистанскиот национален авиопревозник паднал во населена област (Фото: АФП)

    Авион на Пакистанскиот национален авиопревозник (ПИА) се урна во близина на аеродромот во Карачи, објавија државните медиуми. Официјални лица потврдија дека во авионот „ербас А320“ имало 99 патници и осум членови на екипажот и дека тој паднал во населена област. Снимките од местото на несреќата покажуваат густ црн чад.

    „Авион на ПИА кој летал на релацијата Лахоре-Карачи се урна непосредно пред слетувањето на аеродромот во Карачи“, објави Радио Пакистан.

    Локалните медиуми објавија дека авионот паднал во густо населена област и дека има оштетени куќи, додека пакистанската војска веднаш испрати свои сили на местото на несреќата. Засега не е познато дали има преживеани.

    Ова е четврта авионска несреќа во Пакистан во последните десет години, а најтешка беше онаа во 2010 година, кога загинаа 152 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира