ПАПАТА ФРАЊО ЈА УКИНА ОЗНАКАТА ЗА ТАЈНОСТ ЗА СЛУЧАИТЕ НА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА ВО ЦРКВАТА

    ПАПАТА ФРАЊО ЈА УКИНА ОЗНАКАТА ЗА ТАЈНОСТ ЗА СЛУЧАИТЕ НА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА ВО ЦРКВАТАПапата Фрањо ја потпиша декларацијата на денот на неговиот 83. роденден (Фото: Ројтерс)

    Папата Фрањо ја тргна ознаката за тајност под која Ватикан раководеше со случаите за сексуална злоупотреба.

    Ова ќе ѝ овозможи на Католичката црква да им ги предаде на цивилните власти документите поврзани со вакви случаи. Исто така, жртвите ќе можат да бидат информирани за исходите на нивните случаи.

    Ограноците на црквата веќе ја имаат дозволена оваа практика во некои земји, но таа досега не беше универзална.

    Папата Фрањо ја потпиша оваа декларација на денот на неговиот 83. роденден.

    Неговиот претходник Бенедикт 16-ти во 2001 година донесе одлука дека случаите на сексуална злоупотреба мора да се третираат со „понтификална тајност“, што е највисока форма на тајност во црквата. Ватикан долго време тврдеше дека ваква тајност е неопходна за да се зачуваат приватноста на жртвата и угледот на обвинетиот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира