ПАПАТА ФРАЊО ОСТАНУВА ВО БОЛНИЦА НА НЕОДРЕДЕНО ВРЕМЕ ПОРАДИ СЛОЖЕНА ЗДРАВСТВЕНА СИТУАЦИЈА

    ПАПАТА ФРАЊО ОСТАНУВА ВО БОЛНИЦА НА НЕОДРЕДЕНО ВРЕМЕ ПОРАДИ СЛОЖЕНА ЗДРАВСТВЕНА СИТУАЦИЈАОсумдесет и осумгодишниот папа страда од респираторна инфекција повеќе од една недела (Фото: Гети)

    Лекарите го промениле начинот на лекување на папата Фрањо, кој има инфекција на дишниот систем, за да се справат со „сложена клиничка ситуација“. Тој ќе остане во болница колку што е потребно, соопшти Ватикан.

    Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква страда од респираторна инфекција повеќе од една недела и беше примен во римската болница „Џемели“ во петокот.

    Резултатите од тестирањата спроведени во изминатите денови и денеска покажаа полимикробна инфекција на дишниот систем, што бара дополнителна промена на терапијата. Сите тестови направени досега укажуваат на сложена клиничка ситуација, што бара соодветен болнички престој“, соопшти Ватикан.

    Портпаролот на Ватикан Матео Бруни изјави дека папата е во добро расположение, но не откри дали страда од вирусна или бактериска инфекција. Од Ватикан сугерираа дека тој не е приклучен на респиратор.

    Фрањо, кој беше избран за папа во 2013, имаше грип и други здравствени проблеми повеќепати во изминатите две години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира