Дваесетмесечно дете загина во Шпанија откако било погодено во главата од парче град. Во вчерашното жестоко десетминутно невреме во регионот Џирона во Каталонија се повредени уште 50-ина луѓе.
Каталонската метеоролошка служба објави дека се регистрирани парчиња град со дијаметар од десет сантиметри.
Пожарникарите примиле над 40 пријави од граѓани за штетите предизвикани од вчерашното невреме, главно во градот Бисбал д‘Емпорда.
Невообичаено топлото лето го направи Средоземното Море потопло од вообичаено во овој дел од годината, што придонесува за појавата на вакви насилни тропски бури.