ПАРИЗ ОД ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ВО КАРАНТИН ДОДЕКА ФРАНЦИЈА СТРАВУВА ОД ТРЕТИОТ БРАН НА КОРОНАВИРУС

    ПАРИЗ ОД ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ВО КАРАНТИН ДОДЕКА ФРАНЦИЈА СТРАВУВА ОД ТРЕТИОТ БРАН НА КОРОНАВИРУСМерката ќе трае еден месец опфаќа 21 милион луѓе (Фото: Гети)

    Париз и делови од северот на Франција од вечерва повторно ќе биде во карантин, додека земјата стравува од доаѓањето на третиот бран на коронавирусот. Мерката која ќе трае еден месец ќе опфати 21 милион луѓе во 16 области на Франција.

    „Овојпат, мерките нема да бидат така строги како при претходните затворања, па луѓето ќе смеат да излегуваат надвор да вежбаат“, изјави премиерот Жан Кастекс.

    Претседателот Емануел Макрон попушти откако научниците и дел од министрите уште од јануари му препорачуваа да ја затвори земјата. Франција вчера регистрираше повеќе од 35.000 нови случаи на коронавирус. Ситуацијата е особено загрижувачка во Париз, каде што 1.200 пациенти со ковид-19 лежат на интензивна нега, повеќе отколку на врвот на вториот бран во ноември.

    „Извесно е дека ќе нѐ погоди трет бран. Епидемијата се влошува и наша одговорност е да не дозволиме да излезе од контрола“, кажа Кастекс.

    Според новите мерки, сите несуштински бизниси ќе бидат затворени, но училиштата ќе останат отворени. На Французите им се забранува да патуваат во други делови од земјата, освен од валидна причина. Полицискиот час останува на сила во целата земја, но ќе почнува еден час покасно, во 19 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира