ПАРИЖАНИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ИЗГЛАСАА ПАРКИНГОТ ЗА ЏИПОВИТЕ ДА ПОСКАПИ ЗА ТРИПАТИ

    ПАРИЖАНИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ИЗГЛАСАА ПАРКИНГОТ ЗА ЏИПОВИТЕ ДА ПОСКАПИ ЗА ТРИПАТИЦената на паркингот за џиповите во централните области на Париз ќе се зголеми на 18 евра за еден час (Фото: АП)

    Паркингот за џиповите во Париз ќе поскапи за трипати откако граѓаните се изјаснија за ова на вчерашниот референдум. Нешто повеќе од 54% гласачи ја поддржаа иницијативата да се зголеми цената на паркингот за возилата потешки од 16 тона, додека градот се обидува да се справи со загадувањето кое доаѓа од овој тип на возила.

    Излезноста на референдумот беше само 5,7%, но ова е најновиот обид на градоначалничката Ан Идалго да го направи градот почист и попријателски за пешаци и велосипедисти во пресрет на Олимписките игри, кои ќе се одржат ова лето.

    Цената на паркингот за џиповите во централните области на Париз ќе се зголеми на 18 евра за час во првите два часа, додека за помалите автомобили е само шест евра. Шестчасовно паркирање за џиповите ќе чини 225 евра. Новата тарифа ќе се однесува и на електричните автомобили потешки од два тона.

    Овој референдум се одржа помалку од една година откако на ист начин беше забрането изнајмувањето електрични тротинети во Париз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира